Барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат

Од денеска граѓаните ќе може да поднесуваат барање за издавање изводи од матичната книга на родени по електронски пат, информира Управата за водење на матичните книги.
Барањето за извод од матичната книга на родени може да се поднесе по електронски пат на e-portal.uvmk.gov.mk, при што граѓаните соодветно избираат во кое матично подрачје да го подигнат, се вели во соопштението. По поднесување на апликација за извод, се добива соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт, кога изводот може да се подигне од шалтерите на Управата.
Граѓаните може да аплицираат за издавање на извод на родените на обичен, интернационален или двојазичен образец.
Од Управата за водење на матичните книги напоменуваат дека барање за издавање на изводи мора да се поднесе лично и изводот на шатерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација.
Управа за водење на матични книги, исто така, најавува дека до крајот на годината преку овој портал ќе биде возможно да се аплицира и за изводи од матична книга на венчани и матична книга на умрени и документите граѓаните да ги добиваат на домашна адреса.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
