Барањата за гласање недоверба на владата во Австрија досега биле неуспешни

Барањата за гласање недоверба на владата на Австрија, што ќе бидат доставени денеска во Парламентот, се силно средство за контрола на властите, но досега никогаш не биле успешни, така што денеска 186-то може да влезе во историјата, ако е успешно како што се предвидува.
Во повоената историја на Австрија, до Владата се поднесени 185 барања за гласање недоверба, но досега немало потребно мнозинство за усвојување.
Овој пат ситуацијата може да биде различна, бидејќи опозициската, Социјалдемократската партија (СПО) на нејзино барање, има поддршка од членовите на доскорешната членка на владејачката коалиција, Слободарската партија (ФПО), и листата Јецт со кои имаат мнозинство во Парламентот.
Во претходните години, иако беа распишани предвремени избори и раскинување коалиции, дотогашните владејачки партии едногласно ги отфрлаа барањата за гласање за недоверба на владата.
На денешната вонредна парламентарна седница ќе бидат поднесени две барања. Едно на СПО кое предвидува недоверба на целата владата на Себастијан Курц, и друго на листата Јецт кои бараат само смена на канцеларот, а не на целата преодан влада.
Според Деловникот за работа на Собранието, прво ќе се дискутира за барањето за целата влада.
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
