Барак Обама ја почна посетата на Кенија

Американскиот претседател Барак Обама допатува синоќа во Кенија, земјата на своите претци, првпат откако е на функцијата лидер на САД.
Тој вечерта ја помина на средба со своите роднини, бидејќи неговиот татко потекнува од Кенија, која ја напуштил како младо момче, за да замине да студира на универзитетот на Хаваи.
Патот од аеродромот во Најроби до центарот на градот беше украсен со американски и кениски знамиња, додека на улиците беа поставени билборди со ликот на Обама.
Претставници на САД соопштија дека фокусот на агендата на престојот на Обама во Кенија ќе биде на трговските и економски прашања, како и на областа на соработка во борбата против тероризмот и јакнењето на безбедноста.
Како приоритет во борбата против тероризмот е загриженоста поради присуството на сомалискиот огранок на Ал каеда, групата Ал шабаб, која изврши серија напади на тлото на Кенија.
Обама на аеродромот го дочека претседателот на Кенија Ухуру Кенијата, а за време на викендот ќе има серија средби и ќе учествува на бизнис форум.
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
