-->
-->
Банка на Англија: Фунтата остро ќе падне во случај на брегзит
-->

Банка на Англија предупреди дека референдумот за членство на Британија во Европската унија, идната недела, претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари.
– Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари, се вели во записник од јунски состанок на Банката на Англија. Тогаш е одлучено банката да ја задржи каматната стапка од 0,5 отсто.
– Доколку се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се намали, се додава во записникот.
Британската централна банка наведува дека брегзит може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски раст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
