Бан повика на заштита на независните и слободни медиуми
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави денеска по повод Светскиот ден на слободата на медиумите дека е многу загрижен поради „се поголемото рестриктивно окружување“ во кое се наоѓаат медиумските работници во многу држави и повика на заштита на независните и слободни медиуми.
– Ограничувањата на слободата на изразување ставаат окови на напредокот. На Светскиот ден на слободата на медиумите, ги повикувам владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и штитат независните и слободни медиуми. Без тоа основно право луѓето се помалку слободни. Со него, можеме заедно да работиме за свет достоинствен и со можности за сите, нагласува Бан во соопштение.
Тој додава дека човековоте права, демократските општества и одрживиот развој зависат од слободниот проток на информации, а правото на информирање од слободата на медиумите.
– Медиумите, вклучително и се повеќе новите он-лајн/интернет медиуми, ни служат како наши очи и уши. Ние сите имаме корист од информациите кои ни ги даваат, оценува Бан.
Генералниот секретар на ОН истакна дека слободните, независни и безбедни медиуми окружувања се од клучно значење. Тој потсетува дека оваа година Светскиот ден се совпадна со „три големи пресвртници“ односно – усвојувањето на првиот закон за слобода на информрање во светот на територија на Шведска и Финска пред 250 години како и усвојувањето на Виндхок декларацијата за принципите на слобода на печатот пред 25 години.
– На крајот, 2016 година е и прва година на спроведување на Целите за одржив развој, наведува Бан.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците