Бан Ки-мун: Лидерите на двете кипарски заедници ќе ги активираат преговорите за обединување
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вети дека ќе им даде поддршка на лидерите на двете кипарски заедници во решавачката фаза од преговорите за обединување на островот, изјави самиот тој по трилатералната средба со претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на непризнатата турската република Северен Кипар, Мустафа Аканџа.
Разговорите се оддржаа вчера во седиштето на ОН, пренесе ТАСС.
Според Бан Ки-мун, средбата била продуктивна и на неа била разгледана актуелната ситуација со преговорите за обединување на Кипар.
-Тие ме информираа дека планираат да ги активираат преговорите по нивното враќање во Кипар. Ги повикувам максимално да ја искористат оваа можност и искрено, без пролонгирање, да ги решат останатите прашања, изјави генералниот секретар на ОН.
Тој соопшти дека лидерите на двете заедници од него побарале поактивно учество во мировниот процес.
-Јас сум подготвен да ги поддржам со се што им е неопходно, вклучувајќи ги и меѓународните аспекти на проблемот. Претстојниот период ќе биде исклучително важен за Кипар. Времето има определено значење. ОН и јас лично ќе направиме се што е можно за да обезбедиме успешен резултат, подвлече Бан Ки-мун.
Тој пред новинарите излезе придружен од Анастасиадис и Аканџа и на крајот од неговата изјава лидерите на двете кипарски заедници си ги стегнаа рацете, забележа ТАСС.
Кипар е поделен на два дела од 1974 година, кога Турција упадна на островот по државниот преврат на приврзаниците на идејата за обединување со Грција.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП