Бан Ки-мун го поздрави влегувањето во сила на Парискиот договор за климатските промени
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави денешното влегување во сила на глобалниот договор за климата, јави ДПА.
- Денеска ја напишавме историјата во областа на напорите на човештвото во борбата со климатските промени, изјави Бан на средба со претставници на цивилното општество, одржана во седиштето на ОН во Њујорк.
- Се уште се тркаме со времето, се уште е неопходен премин кон помалку емисии на стакленички гасови и пооодржлива иднина, кога е во прашање климата, истакна Бан.
Парискиот договор за климатските промени денеска официјално стапи во сила. Со него е извршен притисок врз околу 200 земји да започнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.
Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата под два степена Целзиусови во споредба со прединдустриската ера. Предвидено беше тој да стапи во сила, откако е ратифициран од 55 држави, на кои отпаѓа дел од 55 проценти од светските штетни емисии на гасови, услов кој беше исполнет.
Меѓу државите кои го ратификуваа договорот се и големите загадувачи САД, Кина, Индија, како и ЕУ.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево