Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО

Националниот парк Шар Планина информира дека на една од нивните поставени трап-камери забележале мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од една на три единки.
- По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим. А најубавиот дел? Колегата кој ја регистрираше снимката ја доби честта да го даде и името – мајката ја именувавме Сибел, објавија од НП Шар Планина.
Тие споделија и факти за балканскиот рис- дека е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 километри квадратни.
- Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот. Храната на рисот главно се состои од срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем. Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот, велат од НП Шар Планина.
На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
