Балканска безбедносна мрежа: Следи балканизација на КФОР
Повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан може да го забрза процесот на таканаречената „балканизација“ на меѓународната мисија на Косово, во која дури две третини од оперативните сили на КФОР би можеле да се состојат од војници од земјите од поранешна Југославија и непосредна близина. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, тој процес всушност веќе е започнат, а Хрватска отишла најдалеку од сите нив, зголемувајќи го своето присуство од еден тим од два транспортни хеликоптери до цела пешадиска чета.
„Минатата година и Унгарија го зголеми својот контингент во оваа мисија, а неодамнешното назначување на унгарски бригаден генерал на чело на оваа мисија укажува дека регионот добива се позначајно место во КФОР. Со тоа за првпат една држава од опкруќувањето се најде на таа функција“, наведува во текстот.
Порталот потсетува дека и покрај протокот од 20 години од конфликтот во Косово, Србија се уште инсистира бројот на членовите на КФОР да не се намалува дополнително иако КФОР е намален од почетните 50.000 луѓе до околу 3.800.
„Во таа смисла, на повидок е решение што би предвидувало евентуалното дополнително заминување на војниците од западните земји да се компензира со зголемување на војниците од околните земји. Тоа стана можно по нивното повлекување од Авганистан и кое веќе е присутно во плановите на некои поранешни југословенски држави“ во текстот се потсетува и дека сега имаат „вишок мировници на располагање“.
Првиот импулс во таа насока го даде Унгарија, која неодамна од Италија ја презеде командата со КФОР, а на Косово има и баталјон од 397 војници и офицери.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски