Македонија
2. May 2016 - 16:10

Балканот зафатен од поплави

 Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнале во Пожаране 40 литри на метар квадратен, во Крушево 34, во Скопје на Зајчев рид 22, во Тетово 20, а во Охруид и Претор по 15 литри на метар квадратен. 

Најладно било во Пожар, Крушево и Маврово каде се измерени шест степени, потоа во Ѓуриште, Берово, Тополчани, Претор и Куманово каде било осум степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Дојран - 13 степени.

Дожд со помал интензитет и релативно топло време, како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи имало и во други градови и населени места во земјата, а врнежи ќе има и денеска.