Балкан
27. November 2019 - 11:55

Балканот не престанува да се тресе: Во БиХ работници во фабрика панично бегаат додека кровот започнува да се руши по земјотресот

 
Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер вчера ја погоди БиХ, а истиот беше почувствуван и во Македонија во 10 часот и 19 минути.

Голема паника меѓу граѓаните на БиХ имаше вчера кога земјотрес ја погоди земјата неколку часа по страотниот потрес во Албанија рано утрото во 4 часот.

Според ова видео се гледа како вработени работници во една фабрика за мебел во Мостар бегаат откако тлото започнало да се тресе, погледнете.

Инаку според локалните медиуми во Мостар вчера по потресот имало распукани ѕидови во многу домови и згради, а училиштата ја прекинале наставата и родителите панично доаѓале по своите деца.