Балфин Групацијата со донација од 1.2 милиони евра за настраданите од земјотресите во Албанија

На 29.11.2019 Балфин Групацијата по предлог на Претседателот на Управниот одбор Г-дин Самир Мане донесе одлука да се донираат 1.2 милиони евра за настраданите од скорешните земјотреси во Р. Албанија. Во оваа иницијатива се инволвирани сите компании кои се дел од Балфин Групацијата не само со седиште во Албанија, туку и од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Регионалните компании како Нептун, Шпар, Џамбо, Ист Гејт кои се дел од Групацијата се директно инволвирани во помошта како финансиски така и на терен за помош на настраданите. Нептун Македонија е компанија од нашата држава, која како дел од Балфин Групацијата праќа помош за настраданите во вид на финансиска помош.
Балфин Групацијата и компаниите кои се дел од неа во државите од регионот се познати по општествената одговорност и хуманост не само во вакви елементарни непогоди, туку во секојдневието на луѓето на кои им е потребна помош.
Групацијата оваа голема хуманитарна акција ја води под мотото “Заедно, ќе се воздигнеме пoсилни” што значи дека помошта за настраданите нема да застане тука, туку ќе се продолжи до стабилизирање на општествените процеси.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
