Бактеријата МРСА се шири помеѓу деца во градинка во Кисела Вода

Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови.Загрижена мајка денеска алармираше дека покра претходните два случаи за кои информираше Слободен печат се бројот се зголемил за уште едно дете.
Мајката обвинува дека Управата на градинката наместо да повика служба за дезинфекција, тие одлучиле сами да дезинфицираат, и тоа додека децата се присутни во просториите.
– Сите деца се ставени во една просторија, а во другите се чисти. Тоа не е начин да се искорени бактеријата. Мора да се почитуваат стандарди и правила, вели загрижената мајка.
Од градинката велат дека до нив не е пристигната информација нов случај на МРСА.
– Доколку добиеме информација на нов заболен од МРСА повторно ќе исконтактираме со Центарот за јавно здравје. Денес имаше вонредна дезинфекција на цел објект. Екипата дојде порано, пред да дојдат децата и потоа ги пуштивме децата во занималните, рече Валентина Божиновска, директорка на градинката.
За разлика од дезинфекцијата која е безопасна и може да се направи пред почетокот на работниот ден, дератизација се прави во петок попладне, за да може да има дејство и во текот на викендот. Редовна дератизација по протокол се прави два пати годишно, а ако има потреба се прави и вонредна дератизација, додаде Божиновска, и повика да не се прави паника од овој случај.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
