-->
-->
Бака продолжува во Виљареал како позајмен играч
-->

Колумбискиот интернационалец Карлос Бака кариерата ќе ја продолжи во Виљареал како позајмен играч од Милан, објави денеска шпанскиот фудбалски клуб.
По оваа официјално потврдена информација, завршува сагата на Бака кој го загуби местото во почетната постава на „росо-нерите“.
Во случај Бака да ги исполни очекувањата на Виљареал, клубот ќе има предност следното лето да го откупи неговиот договор.
За сезонава Милан од Виљареал ќе добие 2,5 милиони евра, а за откупната клаузула Шпанците ќе треба да платат уште 15,5 милиони евра.
Бака беше член на Милан од 2015 година, одигра 69 натпревари и постигна 31 гол. Во Европа настапуваше и за Севиља и Клуб Бриж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
