Македонија
14. March 2022 - 18:40

Бајрами: Нема Албанци во „Тигрите“, Владата нѐ третира како терористи

Наим Бајрами од Алијанса на Албанците рече дека со тоа што не се примаат Албанци во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.

„Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?“, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.