Бајиќ: Треба да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме следните натпревари
Драган Бајиќ синоќа со пораз дебитира на селекторското место на македонската кошаркарска репрезентација. Неговите избраници загубија од Швајцарија во првото коло од претквалификациите за Светското првенство 2023.
– Уште на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација. Многу промашени зицери, сигурно некои 8-9 лесни поени, седум промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но и покрај тоа правевме грешки. Не се снаоѓавме добро со нивната одбрана. Не губиме многу со овој пораз, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари, изјави Бајиќ.
Следниот дуел на македонските кошаркарки на „балонот“ во Скопје, е утре со селекцијата на Словачка.
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа