Бајден: Шведска ќе влезе во НАТО со „конзорциум“ за воените капацитети на Грција и Турција
Претседателот на САД Џо Бајден е оптимист дека Шведска најпосле ќе влезе во НАТО бидејќи Турција која се противи бара модернизација на ловците F-16, „а тоа го бара и Грција која гласашe за прием на Шведска“.
Во интервју за Си-ен-ен емитувано синоќа, Бајден укажа дека затоа е потребен „конзорциум“ за зајакнување на НАТО со воените капацитети на Грција и Турција.
-Турција бара модернизација на авионите F-16. И (грчкиот премиер Кирјакос) Мицотакис во Грција исто така бара мала помош. Она што сакам да го кажам е, искрено, да се има мал конзорциум овде, каде НАТО се зајакнува со воените капацитети како на Грција така и на Турција и да се дозволи влез на Шведска, изјави американскиот претседател.
Тој додаде дека за ова уште се разговара и дека не е готово.
Шефовите на државите членки на НАТО неделава се среќаваат на самит на воената алијанса што се одржува во Вилнус, Литванија, и каде очекувањата се надминување на блокадата на Анкара за влез на Шведска во НАТО
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
