Бајден: Путин одбра војна, време е да ги почувствува последиците
Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати вечерва на нацијата најавувајќи ги новите мерки што ги презема против режимот на Владимир Путин со порака до граѓаните во земјите членки на НАТО – дека нема сомнение дека ќе се активира членот пет , односно НАТО ќе се вклучи воено ако биде нападната некоја од земјите во него.
Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин сноси целосна одговорност за нападот на Украина и рече дека Русија ќе се соочи со последиците поради тоа.
-Путин е агресорот. Путин ја избра оваа војна. А сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците.Оваа агресија не може да остане без одговор. Ние се залагаме за слобода. Зборував со претседателот на Украина Зеленски и го уверив дека стоиме зад неговата земја, рече Бајден.
-Агресијата на Путин ќе ја направи Русија послаба, а светот посилен, рече Бајден. Ова е борба на демократијата против автократијата, слободата ќе надвладее, рече Бајден. Тој на крајот рече дека нема планови да зборува веќе со Путин. Според него мерките ќе наметнат сериозни трошоци за руската економија, и веднаш и со текот на времето.
-Намерно ги дизајниравме овие санкции за да го максимизираме долгорочното влијание врз Русија и да го минимизираме влијанието врз САД и нашите сојузници, рече тој.САД не го прават тоа сами, рече тој, додавајќи дека 27-те членки на ЕУ и членки на Г7 ќе учествуваат во овие санкции. Еве ги санкциите што ги најави:
-Ограничување на способноста на Русија да прави бизнис во долари, евра, фунти и јени за да биде дел од глобалната економија.
-Запрање на способноста за финансирање и развој на руската војска.
-Нарушување на нивната способност да се натпреваруваат во високотехнолошката економија на 21 век.
– Санкциопнирање на руските банки кои заедно имаат имот од околу 1 трилион долари.
– Блокирање на уште четири големи банки, што значи дека секој имот што го имаат во Америка ќе биде замрзнат.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
