Бајден предупредува на можност за нуклеарна апокалипса
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса“, за првпат по Кубанската ракетна криза.
„Не сме се соочиле со можност за апокалипса од Кенеди и Кубанската ракетна криза во 1962 година“, рече Бајден на собир во Њујорк.
Тој додаде и оти верува дека неговиот руски колега Владимир Путин „не се шегувал“ кога ги упатил заканите. Рускиот претседател Владимир Путин „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје, биолошко или хемиско оружје“, рече Бајден.
Тој, исто така, ја оспори руската нуклеарна доктрина, предупредувајќи дека употребата на тактичко оружје со помала моќност може брзо да излезе од контрола и да доведе до глобално уништување. „Мислам дека не е можно да се користи тактичко оружје и да не се случи Армагедон“, истакна Бајден.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ