Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата
– Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата.
– Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале срцев удар или имаат потреба од операција. Невакцинираните, исто така, ја доведуваат нашата економија во ризик, бидејќи луѓето не сакаат да излегуваат. Размислете, дури и на места каде што нема ограничувања за посета на ресторани, спортски сали и кина, луѓето не одат затоа што се загрижени дека ќе се разболат, рече тој.
Пред еден месец, Бајден објави дека ќе ги задолжи директорите на компаниите да бараат нивните вработени да бидат вакцинирани против вирусот. Тој додаде дека се развиваат упатства за итни ситуации. Тие ќе бараат од работодавачите со повеќе од 100 вработени да се осигураат дека нивните работници се целосно вакцинирани или тестирани негативно за Ковид-19 барем еднаш неделно.
Бајден најави и задолжителна вакцинација за сите вработени во федералната влада.
Ново на Сител
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 гласачи