-->
-->
Бајден нареди префрлање дополнителна американска војска во Источна и Југоисточна Европа
-->

Американскиот претседател, Џо Бајден, издаде наредба до американската војска во Европа да ја засили одбраната во земјите кои се граничат со Украина, со распоредување дополнителни трупи и авијација во балтичките земји, Полска и во југоисточното крило на НАТО.
Силите ќе бидат префрлени во текот на неделата, соопшти претставник на Министерството за одбрана.
Министерот за одбрана Лојд Остин дал наредба за префрање на 800 американски војници од Италија во балтичките земји. Префрлање ќе има и на осум воени авиони F-35 Lightning II од Германија во оперативната база на источното крили на НАТО.
Дваесет офанзивни авиони AH-64 Apache исто така ќе бидат префрелни од Германија, а 12 хеликоптери Апачи ќе бидат префрлени од Грција.
-Овој дополнителен состав ќе биде релоциран за давање сигурност на нашите НАТО сојузници во справување со потенцијална агресија против земјите членки на НАТО и се спроведува заедно со силите на земјите домаќини, изјави Остин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
