Бајден му ветил помош од две милијарди долари за Косово

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден, за време на неговата посета, го поддржал Косово на неговот пат за интеграција во ЕУ и ветил две милијарди долари помош за тоа, но само ако покаже консруктивност, пишува порталот Албеу.
- Потретседателот на САД Џо Бајден ветил помош за Косово во износ од две милијарди долари и забрзан пат кон ЕУ, под услов земјата да биде конструктивна. Тој додал дека САД и ЕУ тие средства ги обезбедила во соработка со ОН, пренесува порталот Албеу, повикувајќи се на британски медиуми.
Порталот пишува и околу ставот на САД за демаркацијата на границата со Црна Гора.
- Ние посакуваме да имаме едно силно Косово, кое ќе биде полноправен член на ЕУ. Но Косово има обврска и одговорност да ги исполни преземените обврски, го цитира порталот Бајден.
Тој сепак побарал политичарите во Приштина да направат многу повеќе за подобрување на статусот на српската етничка заедница во Косово доколку сакаат да влезат во ЕУ.
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
