Бајден до Нетанјаху: Згрозен сум од нападот на болницата, но верувам дека вие не сте виновни
Претседателот на САД Џо Бајден повторно вети американска поддршка за Израел на денешната средба во Тел Авив со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
– Сакав да бидам овде денеска од едноставна причина, сакам народот на Израел, луѓето во светот да го знаат ставот на САД. Сакав лично да дојдам и да го објаснам тоа, рече Бајден.
Американскиот претседател го осуди нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел, велејќи дека групата „извршила зла, злосторства што прават ИСИС да изгледа малку порационално“, јави Си-Ен-Ен.
– Терористичката група Хамас масакрираше, како што беше посочено, над 1.300 луѓе и не е хипербола да се сугерира дека се масакрирани буквално – вклучително и 31 Американец — и тие зедоа голем број луѓе како заложници, вклучително и деца, потенцираше Бајден.
Сепак, тој истакна дека иако Израел има право да се брани, „ние исто така треба да имаме на ум дека Хамас не го претставува целиот палестински народ и на тој народ му донесе само страдање“.
Во Тел Авив, американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа се чини дека била предизвикана од терористички групи во Газа, а не од Израел.
„Бев длабоко тажен и огорчен од експлозијата во болницата во Газа вчера. Врз основа на она што го видов, се чини дека тоа го направи другиот тим, а не вие“, истакна Бајден, јавно поддржувајќи ја израелската верзија за настаните. Сепак, американскиот претседател потенцираше дека голчем број луѓе не веруваат дека Израел не бил инволвиран во нападот, „па затоа треба да се надминат многу работи“.
Од своја страна, Нетанјаху му се заблагодари на Бајден на посетата, потенцирајќи дека тој е првиот американски претседател што го посетил Израел за време на војна.
– Тоа е длабоко, длабоко трогателно, зборува за длабочината на вашата лична посветеност на Израел, зборува за длабочината на вашата лична посветеност на иднината на еврејскиот народ и единствената еврејска држава, рече тој. – Знам дека зборувам во име на целиот народ на Израел кога ќе кажам благодарам, господине претседателе“.
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
