Бајден: Целосна едногласност со сојузниците околу Украина
– САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, истакнаа синоќа од Белата куќа.
-Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери, рече претседателот на САД Џо Бајден.
На неговиот Твитер налог беше укажано дека Бајден со европските сојузници дискутирал за „заедничките напори да се одбие руската агресија како подготовка за нанесување жестока економска штета на Русија и засилување на источното крило“.
Виртуелниот состанок беше со лидерите на Европската комисија, Советот на Европа, НАТО, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија, соопштија од Белата куќа.
Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека министерот за одбрана Лојд Остин ставил во состојба на „зголемена готовност“ 8.500 војници во САД за нивно брзо распоредување да асистираат на НАТО, ако тоа е потребно. Тие би требало да се распоредат во Источна Европа и балтичките земји.
Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, истакна дека сепак, се уште нема одлука за тоа, и укажа дека САД можат да ги искористат трупите стационирани во Европа.
-Зборуваме за потенцијално распоредување на нашите војници во земји како Романија и Бугарија, истакна Кирби во изјава за Си-ен-ен.
-Ние секогаш велевме дека ќе го засилиме нашите сојузници во источното крило, изјави Џен Пскаки, портпарол на Белата куќа. Таа додаде дека советниците за национална безбедност со сојузниците разговораат на таа тема со недели.
Од Кремљ повеќепати досега негираа дека Русија има намера да ја нападне Украина.
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
