Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во емотивна изјава пред неговото официјално проштално обраќање до нацијата.
-Ги дадов срцето и душата на нашата нација. И јас бев благословен милион пати во замена за љубовта и поддршката на американскиот народ, рече Бајден во писмото објавено од Белата куќа.
Бајден (82) в понеделник ќе му ги предаде овластувањата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во ноември минатата година. Бајден, ветеран демократ, не само што ќе ја напушти Белата куќа по четири години на чело на најмоќната демократија во светот, туку и ќе ја заврши својата политичка кариера.
-Беше животна привилегија да и служам на оваа нација повеќе од 50 години. Никаде на друго место на Земјата дете со скромно потекло од Скрентон, Пенсилванија и Клејмонт, Делавер, кој пелтечеше, еден ден би седнал на маса во Овалната соба како претседател на САД, напиша Бајден.
Белата куќа, исто така, објави долга листа на достигнувања на Бајден како претседател, вклучително и „историско закрепнување“ од пандемијата на коронавирус и „економски раст и намалување на трошоците“.
Но, многу Американци ќе го паметат и по неговото инсистирање да се кандидира за втор мандат, иако долго се поставуваше прашањето дали е способен да го стори тоа поради годините.
По катастрофалниот настап во телевизиска дебата, Бајден на крајот се повлече од трката само неколку месеци пред изборите, а демократите ја номинираа потпретседателката Камала Харис за свој претседателски кандидат.
-Историјата е во ваши раце. Моќта е во ваши раце. Идејата за Америка е во ваши раце. Треба само да ја задржиме вербата и да се потсетиме кои сме, заклучува Бајден во писмото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
