Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Димитар Арсовски

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел на граѓаните како Света вода, предупредува свештенкот Димитар Арсовски. Станува збор за манастир кој е во фаза на изградба каде наводно се наоѓала водата.
„Почитувани верници, поради искушението кое ние се појави во врска со храмот во изградба во местото Кочански Дол должни сме да го објасниме следното:
Храмот е започнат да се гради со благослов на надлежниот Митрополит Брегалнички господин Иларион по сите пропишани правила и норми, и за негова доградба и конечен изглед се собираа доброволни донации од сите благочестиви христијани кои сакаа и имаа желба да дадат свој скромен финансиски придонес.
ОНА ШТО НЕ Е ВО РЕД и за што сме должни како Црква и свештенство да реагираме е следното:
По социјалните мрежи кружеше информација дека во кругот на манастирот постојат „свети води“ од кои народот добивал исцеленија од болести и неплодните жени добивале пород. Ова е крајно безобразна лажна вест и како таква ја демантираме, а по сведоштво од присутни лица ни е посведочено дека таквата „СВЕТА ВОДА“ била полнета со црево и дека доаѓал бајач од Штип кој наводно помагал во лечењето. Ваквото однесување со луѓето кои од разни маки и потреби доаѓаат е нечовечно, безобразно, претставува чист криминал, манипулација и оцрнување на Црквата Христова
Како црква недозволиво е таквото место да биде осквернето од бајачи, гатачи, надри и квази лекари и апелираме до верниот народ да биде внимателен во врска со ваквите појави.
Се надеваме дека на ова искушение побрзо ќе му дојде крајот и во иднина дека нема да се соочуваме со вакви немили настани.
Дај Боже храмот побрзо да го добие оној вистински лик што го заслужува и таму радосно и соборно да се служи Света Божествена Литургија!“, објави свештеникот.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
