Бадникова поворка во Дебар
![]()
Педесеттина деца од Дебар и од неколку села од подрачјето на Река, придружувани од нивните родители и други верници учествуваа во „Бадниковата поворка“.
Децата тргна од кај кружнот тек, во близина на општината, носејќи во раце златни ѕвездички и пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос и пеејќи ја песната „Вечниот бог“, поминаа по главната улица „Осми септември“, новото шеталиште па се до црквата „Света Петка“, во долниот дел на градот.
Таму беа пречекани од намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски кој учесниците во поворката ги дарува со пакетчиња, обезбедени од повеќе донатори.
– За сите верници бадниковата поворка што се организира по повод Христовото раѓање е најубавиот настан во годината. Во Дебар оваа стара традиција беше обновена минатата година. Годинава за разлика од лани има повеќе дечиња, како и верници. Се надеваме дека до година ќе не има уште повеќе, велат Надица Стефановска и Ленче Ангеловска, кои со нивните деца беа дел од поворката.
Бадникова поворка во Дебар по првпат беше организирана минатата година благодарение на сестрите од манастирот во Рајчица а со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
