-->
-->
Бадникарска прослава на плоштадот во Крива Паланка
-->
Со палење коледарски оган и осветување лепчиња со паричка синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка беше организирана Бадникарска прослава од страна на локалната самоуправа на општината во соработка со Кривопаланечкото архиерејско намесништво.
Прославата на Бадник започна во црквата „Свети Димитрија“ со литургија по која беше осветено бадниково дрвце, а оттука паланчани заминаа на градскиот плоштад каде свештени лица ги осветија лебот и виното.Бадниковиот поздрав го пренесе архирејскиот намесник, Александар Смиљков, кој нагалси дека му се радуваме на овој ден поради доаѓањето на веста за раѓањето на богочовекот кој сите не побожи.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, им посака добро здравје, среќа и бериќет на своите сограѓани по поводпретстојните Божиќни празници.
Со палење на коледарскиот оган се славеше љубовта, радоста и мирот меѓу луѓето со добра волја. Најсреќен од присутните кој ја пронајде паричката беше Томе Тодоровски, директор на Јавното претпријатие „Комуналец“.
- Верувам дека паричката ќе ми донесе среќа и здравје, но покрај мене, се надевам ќе ги усреќи и паланчани, преку успешна реализација на сите наши зацртани проекти за 2016 година, изјави Тодоровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата