Бачев: На 30 септември сите заедно да бојкотираме
Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера имаше средби со граѓаните на општинте Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија. Општ впечаток на средбите беше дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот. Граѓаните изразија голем револт од капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ.
Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите. Власта го губи компасот и веќе почна дури и со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека Македонците ќе имале бесплатно здравство и образование во сите земји-членки на ЕУ иако на секој му е јасна оваа безобразна лага. Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа нашата заедничка одлука за бојкот и не излегување на референдумот на 30 септември ќе овозможи Македонија да победи - рече меѓудругото Бачев.
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
