Бабиш: За нападот во Берлин виновна е миграциската политика на Меркел
Чешкиот министер за финансии, Андреј Бабиш, смета дека терористичкиот напад во Берлин во понеделникот, се должи на миграциската политика на германската канцеларка Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Прага.
- За грозниот чин во Берлин, за жал, виновна е миграциската политика на германската канцеларка Ангела Меркел. Таа, дозволи мигрантите да доаѓаат во Германија и цела Европа во неконтролирани бранови, без документи и без да се знае кои се тие навистина, напиша Бабиш на својот профил на Фејсбук.
Бабиш оцени дека Германија сега го „собира данокот“ за својата пријателска политика кон бегалците, што ја практикуваше минатата година.
- Германските и ЕУ политичари треба конечно да си признаат дека мора да се стопира бранот мигранти до Европа надвор од европскиот континент и да престанат со таа политичка коректност, која ги загрозува Германците и цела Европа, додаде вицепремиерот.
Решавањето на миграциската криза, според Бабиш лежи во „пронаоѓање на мирот за опустошената Сирија и враќање на мигрантите во нивните домови“
- Во Европа, нема место за нив, подвлече Бабиш.
Во понеделникот, непознат сторител со камион удри во толпа граѓани на Божиќниот пазар во Берлин, при што најмалку 12 лица загинаа, а неколку десетици се повредени.
Ново на Сител
-
Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница
-
Одложено рочиштето за случајот на родилката од Дебар, на која по породување и биле отстранети матка, јајник и бубрег
-
Уапсен битолчанецот кој извршил обид за убиство
-
Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио
-
Судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози одложено за 5 септември
-
Зеленски побара ЕУ да го „заобиколи“ ветото на Унгарија за членство на Украина во Унијата
-
Двајца Албанци обвинети за улов на охридска пастрмка кај Свети Стефан
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја