Азири: Предлог-законот за државајнство в понеделник ќе го доставиме до владиното мнозинство
Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието.
Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.
– Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во Парламентот. Нашиот дел е завршен, па да го видиме нивниот одговор. Ние имаме разговарано со премиерот Зоран Заев. На првата средба присуствуваше и претседателот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи. Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале. Во понеделник ќе до доставиме предлогот што го составивме и во најкраток можен период очекуваме одговор и да го процесуираме понатаму, рече Азири.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип