Азилот за турскиот војник создаде проблеми во односите Атина - Анкара
Информацијата дека е одобрен азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција, по неуспешниот обид за пуч во Турција, ги разниша грчко-турските односи.
Анкара ја предупреди Атина дека одлуката ќе има последици врз билатералните односи, а Атина бара од Анкара почитување на демократските принципи.
Министерството за надворешни работи на Турција, преку соопштение, ја обвини Грција дека со давањето азил е земја која ги заштитува пучистите. Грчкото МНР денеска, како што јавува дописникот на МИА од Атина, излезе со писмен одговор.
- Демократиите ниту се закануваат ниту се подложни на закани. Тие одговорно и методолошки работат на промоција на разбирањето и на консолидирање на стабилноста и добрососедските односи во регионите во кои припаѓаат. Грција и понатаму ќе продолжи со истата оваа одговорност. Се надеваме дека ова ќе одберат да го сторат и нашите соседи. Нашата верба во демократските принципи и методи не е слабост, туку сила, соопштуваат од грчкото МНР, по реакцијата на Министерството за надворешни работи на Турција.
Како што јави вчера дописникот на МИА од Атина, меѓународните договори за почитување на човековите права и сомнежот дека во неговата земја нема да има фер судење, биле главните причини независната второстепена комисија за азил во Грција да му даде азил на турскиот војник – копилот во хеликоптерот со кој осум турски војници, во јули минатата година, слетаа во грчкиот град Александруполи. Грчката Влада, вчера, достави барање за поништување на одлуката за азил на независната второстепена комисија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп