Автомобил удрил во полициски службеник во Велес
Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 18.00 чaсот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, минибус „Аутосан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.П.(63) удрил во пешакот П.Ц. (58).
Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, пешакот од ударот се здобил со телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница – Велес и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.
-За време на увидот, околу 18.30 чaсот, полициски службеник, додека вршел обезбедување на местото, бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(45) од Велес. Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и со службено возило бил пренесен во Општата болница Велес. По укажаната помош тој бил пуштен на домашно лекување, појасни Додевски.
Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот, информира Додевски.
Ново на Сител
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава