-->
-->
Автомобил удри во ѕид од куќа во Волково, две лица тешко повредени
-->
Две лица се тешко повредени откако минатата ноќ околу 4:20 часот наутро удриле со автомобил во бетонски ѕид од куќа.
Несреќата се случила на улица „100“ во скопско Волково кога патничко моторно возило „Цитроен Ц 2“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ѓ.(21) од Скопjе, удрилo во ѕидот.
-Со повреди се здобиле Х.Ѓ. и сопатничката Н.П.(19) од Скопје. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургенетен центар при комлекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина