Македонија
14. July 2020 - 11:19

Автомобил удри 9-годишно дете

На 13.07.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје.

Во незгодата пешкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.