Автомобил натоварен со кантистри со бензин удри во болница во САД
Автомобил натоварен со канистри со бензин удри во Одделот за брза помош во болницата во градот Мидлтаун во американската сојузна држава Конектикат, по што возилото се запали.
Како што соопшти локалната полиција, возачот намерно удрил во болницата, при што при опожарувањето на возилото се здобил со сериозни изгореници и е во критична состојба.
Мажот, кој е идентификуван локален жител на возраст меѓу 20 и 30 години, веднаш по инцидентот со хеликоптер бил пренесен во болницата во градот Бриџпорт, на околу 65 километри од Мидлтаун.
Градоначалникот на Мидлтаун, Ден Дру оцени дека станува збор за „изолиран случај“, додека полициски претставник изјави дека засега се истражуваат мотивите за постапката на мажот и неможе да каже дали станува збор за терористички чин.
Веднаш по инцидентот од болницата биле евакуирани околу 30 пациенти и 20 вработени во објектот.
Очевидци на нстанот изјавија дека по судирот се запалил предниот дел на автомобилот и дека огнот го зафатили возачот, кој кога излегол од возилото „горел како факел“.
Веднаш по инцидентот полицијата го блокираше реонот околку болницата
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи