Македонија
15. March 2024 - 11:51

Автомобил излетал од патот, тешко повреден возачот

На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во с.Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.