Автобусите на ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред
Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на возилата на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота, недела и во понеделник на сите линии ќе се вози по неделен возен ред. И автобусите што возат до Средно Водно на линиите 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од ЈСП информираат дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота, а останатите празнични денови ќе бидат неработни за сите продажни места.
Жичарницата претстојниве денови, од утре до понеделник, ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот, а нема да работи во вторник
Ново на Сител
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура