Автобус удри 38-годишна жена во близина на трговски центар во Велес
Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес.
Автобусот со велешки регистарски ознаки, кој удрил во 38-годишната Н.Р. бил управуван од 59-годишниот Т.Р..
Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на незгодата.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредената имала отворена скршеница на десна подлактица и и била укажана медицинска помош, а поради тежината на повредата со возило на Итна помош била препратена на понатамошно лекување во скопските клиники.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
