Балкан
6. јуни 2016 - 11:28

Автобус со деца падна во канал, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица, од кои повеќето деца загинаа, а 24-ца се повредени кога автобус полн со основци падна во канал за наводнување во турската јужна област Османије.
 
Учениците се враќале од еднодневна екскурзија, кога од се уште неутврдени причини, автобусот излетал од патот и се урнал во вода.
 
Во моментот на несреќата во возилото се наоѓале 36 ученици.
 
Турските медиуми објавија дека екскурзијата ја организирале самите ученици и нивниот професор, откако претходно не добиле дозвола од управата на училиштето во градот Хатај.