Австриската полиција побарала соработка од нашето МВР за терористичкиот напад во Виена
До Министерството за внатрешни работи преку Интерпол денеска е доставено барање од австриската полиција за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.
Од МВР информираат дека од списокот на австриската полиција утврдено е дека три лица покрај австриско, имаат и државјанство на Македонија.
– Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај, велат од МВР.
Оттаму посочуваат дека е остварена директна комуникација меѓу премиерите Зоран Заев и Себастијан Курц при што австрискиот премиер изразил благодарност за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите, како што се наведува во соопштението, изразиле подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Република Македонија. Напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години и македонско потекло. Бил осуден за терористичко здружување. Неговото име, како што обелодени автриската полиција, е Кујтим Фејулаи.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот