-->
-->
Австрија нема да ја користи Спутник В без одобрение од ЕМА
-->
Австрија нема да ја користи руската вакцина Спутник В сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Земјата преговара со Русија за купување на еден милион дози, но нарачката сè уште не е објавена.
Досега Курц одбиваше да каже дали земјата ќе чека одобрување од ЕМА или ќе се однесува како Унгарија, која ја користи руската вакцина без одобрение од агенцијата. Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што ја користи руската вакцина, а и Словачка нарача дози.
– Се надеваме на брзо одобрување од ЕМА, бидејќи секоја дополнителна доза вакцина ќе помогне да се спасат животи, рече Курц и додаде дека Владата се согласила да го нарача лекот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора