Австралискиот премиер е против уривањето споменици

Премиерот на Австралија, Малком Трнбол смета дека повиците да се тргнат статуи на англиските колонизатори, меѓу кои и онаа на капетан Џејмс Кук, е еднакво на „сталинистичко фалсификување на историјата“.
Откако во САД почнаа да се дислоцираат статуи на личности на Конфедерацијата, во Австралија се зголеми притисокот за дислокација на некои споменици, што се навредливи за дел од нацијата.
Во Сиднеј, на пример, се полемизира за статуата на Џејмс Кук од 1879 година, кој прв пристигнал на источниот австралиски брег., и посебно дали се тргне натписот од споменикот што гласи: „Ја открил оваа земја во 1770". Аргументот на иницијаторите за тие промени, е дека Абориџините живееле на австралискиот континент барем 60.000 години претходно.
Градският совет на Сиднеј го разгледува и прашањето за статуата на гувернерот Лаклан Мекквори, кој ја прогласил тогашната британска затворeничка колонија за слободна земја.
- Не можеме да применуваме такви сталинистички методи и да се обидуваме да прекројуваме делови од нашата историја, нагласи Трнбол.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
