Австралиската Влада одобри построги мерки против тероризмот
Австралискиот Парламент денеска одобри нови, построги, законски одредби за борба против тероризмот, што на главниот обвинител ќе му овозможат да побара осудените терористи да останат во затворот и по издржување на нивните пресуди, јави ДПА.
Законот, што беше усвоен од Парламентот на неговото последно заседание во 2016 година, овозможува 12 месеци пред истекот на дадената пресуда главниот обвинител да побара од судот осудениот за тероризам да остане во затворот.
Главниот обвинител во Австралија, Џорџ Брандис, денеска пред Парламентот изјави дека судовите ќе треба да направат проценка дали некој затвореник претставува неприфатлив ризик. Затворениците ќе можат да повикаат експерт, избран од нив, кој ќе ги застапува пред судот.
Во Австралија има 17 затвореници, кои издржуваат затворски казни за тероризам, а кривични предмети за уште 40 лица се разгледуваат во судовите.
- Од 2014 година во Австралија се спроведени 24 антитерористички операции, од кои се покренати обвиненија за 55 лица, изјави Брандис.
Построгите одредби за престој во затвор беа усвоени откако е зголемена безбедноста во Парламентот во Канбера, како и на сите австралиски аеродроми.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен