Австралиската сојузна држава Викторија се извини поради хомофобичните закони од минатото
Властите во австралиската држава Викторија се извинија за тоа што до 1981 година илјадници хомосексуалци биле осудувани и по 15 години затвор за содомија и непримерно поведение, пренесе БТА.
„Колку што знаеме, ниту еден правен систем во светот официјално не се извинил за такви закони", рече премиерот на Викторија, Даниел Ендруз, пред сојузниот парламент, над чијашто зграда беше издигнато знаме во боите на „виножитото“.
„...Така, ве замолувам, овие зборови да бидат трајно запишани во нашите архиви. Од името на парламентот, владата и народот на Викторија, длабоко жалиме за законите, коишто сме ги донеле за луѓето, чијшто живот сме го уништиле", изјави Ендруз.
Првата австралиска сојузна држава којашто го декриминализираше хомосексуализмот, е Јужна Австралија во 1975 г., а последна – Тасманија во 1997 година
- Добро е да знам дека на 83 години веќе не сум престапник во очите на законот и општеството, изјави Ноел Тоуви, којшто бил обвинет за практикување содомија, кога имал само 17 години.
Ново на Сител
-
ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско Равен
-
Самит на шефови на држави и влади и министерски состанок на ПСЈИЕ во Скопје
-
Собраниска седница за избор на потпретседатели и за основање работни тела
-
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје
-
Тепачка во италијанскиот парламент: Пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка
-
Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување
-
Средба на претседателот на Собранието Гаши со албанскиот претседател Бегај
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено