-->
-->
Австралија: Медуза уби тинејџер, тоа е прв ваков смртен случај по 14 години
-->
Тинејџер од австралиската покраина Квинсленд почина од убод од медуза. Тоа е прв ваков смртен случај во земјата по 14 години.
Младиот човек пливал во северното приморје кога го допрела така наречената морска оса (Chironex fleckeri), која се смета за најотровната медуза и едно од најопасните морски животни. Несреќата се случила на 22 февруари. Брзата помош пристигнала брзо и 17-годишникот веднаш бил пренесен со хеликоптер до најблиската болница.
Полицијата во Квинсленд денеска потврди дека момчето починало во понеделникот.
Последен пат, шестгодишно момче беше убиено од медуза во 2007 година, исто во северното приморје на Австралија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива