Австралија ќе започне истрага за антисемитизам по нападот на плажата Бондај

Австралија денеска ќе започне истрага за антисемитизам иницирана од владата по нападот врз забавата за Ханука на плажата Бондај во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица.
Масакрот на плажата Бондај ја шокираше земјата, која има строги закони за оружје, и предизвика повици за построги контроли и построги мерки против антисемитизмот.
Полицијата верува дека напаѓачите, татко и син, биле инспирирани од групата Исламска држава.
Кралската комисија, најмоќното владино истражно тело во Австралија кое може да ги принуди граѓаните да дадат докази, ќе ја води пензионираната судијка Вирџинија Бел.
Комисијата ќе ги процени настаните околу пукањето, како и состојбата со антисемитизмот и социјалната кохезија во Австралија, и се очекува да ги презентира своите заклучоци до декември оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
