Свет
9. September 2015 - 8:36

Австралија ќе се вклучи во нападите врз ИД во Сирија

Австралското Воено воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на групата Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти денеска австраликсиоот премиер Тони Абот.

- Владата реши да одговори позитивно на молбата на САД за вклучување во воената операција, нагласи Абот.

Како што јави ТАСС, во моментов во база во Обединетите Арапски Емириати се стационирани осум авиони и 400 припадници на Военото водухопловство на Австралија. Досега тие учествуваа само ва напади врз позиции на ИД во Ирак.