Аврамопулос ја повика Унгарија да ги почитува правилата за азил

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос денеска ја повика Унгарија да се однесува во согласност со правилата на ЕУ кога е во прашање постапувањето со азилантите.
Аврамопулос имаше средба со унгарските власти, при што истакна дека експерти ќе расправаат за новите правила, со цел да обезбедат „правилата на ЕУ да се во согласност со нив“.
Во меѓувреме, унгарскиот Хелсиншки комитет, кој ги застапува правата на барателите на азил соопшти дека привремената уредба на Европскиот суд за човекови права ја спречува Унгарија да упати осум тинејџери и една бремена жена во контејнерски камп на границата.
Со новите унгарски прописи, кои денеска стапуваат во сила, се предвидува задржување на сите баратели на азил во контејнерски кампови на граница, што се критикувани од страна на агенциите на ОН, но и од адвокатите кои се занимаваат со заштита на човековите права.
Ново на Сител
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
