АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со објавата на политичката партија СДСМ поврзана со уредувачката политика на интернет порталот „ИНФОМАКС“, потсетува дека јавната комуникација треба да биде конструктивна и професионална.
-Политичките партии треба да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на новинарите и медиумите, бидејќи таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и демократските процеси, се наведува во соопштението од АВМУ.
Од таму посочуваат дека медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно, придржувајќи се кон новинарските стандарди и етичките принципи, со цел обезбедување точни и навремени информации од јавен интерес
МИА
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
